„Алијанса за Албанците и Алтернатива“ го посетија кванташкиот пазар во Скопје

Од:

Коалицијата „Сега е време“ утрово го посети кванташкиот пазар во Скопје, за да ги види одблизу условите за работа на веледрогериите на земјоделски производи, слушајќи ги нивните грижи за нивното пласирање на пазарот.

Излеговме од таму, велат од коалицијата, длабоко разочарани од недостигот на државна поддршка за овие професионалци кои се дел на еден од клучните сектори во економијата на земјата.

Од Коалицијата „Алијанса за Албанците и Алтернатива“ најавуваат дека ќе се посветат на спроведување на долгорочна визија за развој на земјоделството со идентификување на производствениот капацитет и потенцијал за производство на храна.

– Ќе обезбедиме правично и соодветно планирање на буџетот и ќе го зголемиме вработувањето и економската активност во земјоделскиот сектор, во агробизнисот и земјоделската обработка, шумарството, руралниот туризам, со цел зголемување на локалното производство и способност за експортирање на високо квалитетни прехранбени производи, посочуваат од коалицијата.

На оваа средба беше истакнато дека сега е време за соодветен третман на трговците, додека трговците беа информирани за мерките што АА – ААА ќе ги преземе во овој поглед.

– Отворање на локални канцеларии на Министерството за земјоделство во руралните општини за услуга поблиску до потребите на земјоделците, отворање на агро-канцеларии, кои ќе обезбедат услуги за обука на земјоделците, истражување на пазарот на земјоделски производи и помош на земјоделците за апликација на ИПАРД фондовите и локалните фондови, инвестирање во инфраструктура за поддршка на земјоделски активности, што ќе вклучува градење на капацитети, создавање места за собирање и складишта за складирање на производи, намалување на ДДВ на семе, пестициди и ѓубрива што се користат е во земјоделството се дел од овие мерки кои ќе станат реалност само по доаѓањето на коалицијата АА-ААА на власт. Коалицијата „Сега е време“ е единствениот гарант за враќање на достоинството и раскошот на најблагородната професија што постои, истакнуваат од Коалицијата „Сега е време“.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он