Алијанса за Албанците: Хаосот на гинекологија треба да има судски епилог

Од:

Продолжува тонењето на здравството во хаосот кој трае повеќе од 20 год. со старите проблеми но со нови скандали, кои директно или индиректно влијаат врз квалитетот на здравствените услуги и врз взаемната доверба. Владата и авторите на ова здравствена политика не можат да ја најдат формулата за да се излезе од овој ќорсокак, каде што една од причините е недостатокот на конкретни идеи и тимската работа, но најважно и пред се во оваа група продолжуваат да учествуваат лица кои служеа во времето на режимот ВМРО-ДУИ, велат од Алијанска за Албанците преку соопштение.

„Комисијата за Здравство на Алијансата за Албанците внимателно ја следеше и ја следи новонастанатата ситуација во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Не изненади брзината на разрешување на организациониот директор, со образложение за нарушување на меѓучовечките односи што може и да биде вистина, но логично е а и праведно ако беа разрешени и двајцата директори. А од друга страна, поднесената тужба против медицинскиот директор на клиниката ќе треба да биде обработена и да добие судски епилог.“, смета Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски