Алијанса за Албанците: ДУИ ја тоне правдата со ветувања без реализација

Од:

„ДУИ секогаш се потпираше на слабите точки на Албанците, користејќи ги како ветувачки алатки во секој изборен циклус. Една од тие точки што ДУИ не успеа да им обезбеди на Албанците 18 години е правдата. И, како тоа не беше доволно, станавме сведоци на разговори што се земени како докази во случаи кои сите луѓе во земјата, и пошироко, ги знаат како монтирани. Разговори кои докажуваат дека оваа партија даде се од себе да не се изгори себеси, жртвувајќи невини луѓе!

Во изборната програма на ДУИ 2016-2020 година, на страница 12 во делот „Правда и владеење на правото“ стои ветувањето за меѓународно набљудување и истрага на монтираните случаи, ветување што до ден денес нема знак за реализација“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

„Не само што не постои знак на реализација, но за жал истата албанска партија работеше против Албанците за партиски и лични интереси.

Правдата и владеењето на правото изгледа малку веројатно со владејачката ДУИ и билатералните договори за меѓународна правна помош остануваат неостварливи. Имајќи предвид дека од 2016 година нема нов билатерален договор во овој поглед, лесно е да се разбере дека за ДУИ изборната платформа е само ветување без никаква реализација.

Правдата што со години не им се дозволуваше на Албанците ќе биде основа на изборната платформа на Алијансата за Албанците, со реални барања и реализации“, соопштуваат од Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски