Алијанса за Албанците: Актуелната власт ги поттикна антиалбанските елементи, амнестијата за 27 април е поддршка на тероризмот

Од:

Моноетничката и нелегитимна власт по којзнае кој пат потврди дека реториката за правда и борба против криминалот е всушност битка за амнестија на најтешките злосторства и антиалбанска кампања. Со доаѓањето на Владата на ВМРО и вазалите на Влен се поттикнаа сите антиалбански елементи во државата, во судството и во обвинителството, велат од Алијанса за Албанците.

„Каква ориентација има оваа власт најдобро покажува денешната одлука за спас на организаторите на крвавите настани од 27 април 2017 година, кои насилно сакаа да го сопрат заземањето на државата. Простувањето на учесниците на овој настан започна со ослободување на затворениците од директорот на затворите, други слични процеси, а сега продолжува со простување на организаторите. Овие одлуки се само поттик за оние кои го нарушија уставниот поредок на државата, го потхрануваат национализмот и го легализираат тероризмот како облик на дејствување.

Ги прашуваме вазалите на Влен кога ќе започнете и повторно судење на други криминалци осудени за уставен тероризам, бидејќи тоа е јавна тајна. Секоја тенденција да им се прости на организаторите и извршителите на овој макабарски настан само ќе ги поттикне и другите да го сторат истото“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани