Алијанса на Албанците ја оценува кампањата коректна со мали забелешки

Од:

Потпретседателот на Алијансата за Албанците Агон Ферати денеска во централното партиско седиште во Тетово одржа прес конференција посветена на нивната оценка за досегашниот тек на изборната кампања и нивните проценки за резултатите од локалните избори на 15 – ти октомври.

Според Ферати, Алијансата за Албанците смета дека предизборната кампања досега се карактеризира како мирна и коректна со нивни мали забелешки.

– Во општина Желино како и во неколку региони на град Скопје бил оштетен нашиот пропаганден материјал. Во општина Арачиново неколку наши активисти биле повикани на информативен разговор во полиција околу нивната политичка активност. И последно според нашите информации од теренот пред вчерашниот митинг на ДУИ во Чаир во некои средни училишта имало прекин на наставата, а дел работеле со скратени часови бидејќи директорите (кадри на ДУИ) побарале од професорите и учениците да присутвуваат на митингот на ДУИ во Чаир. Бараме од надлежните и од ОБСЕ – ОДИХР да преземат неопходни мерки против кршењето на изборните правила за да имаме коректни и демократски локални избори, рече Ферати.

Тој посочи дека според проценките на аналитичкиот центар во нивниот централен изборен штаб Алијансата за Албанците ќе биде прва партија во седум општини додека во останатите локални самоуправи каде учествуваат со свои кандидати за градоначалници ќе одат во вториот изборен круг со што, како што рече Ферати, нивните очекувања се дека ќе бидат главна партија кај албанското гласачко тело во Македонија.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката

Алијанса за Албанците: Власта се обидува да го партизира Советот за медиуми преку партиски кадри

Горан Наумовски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Алијанса за Албанците: ДКСК да отвори постапка за Изет Меџити, ги злоупотребува државните канцеларии

Алијанса за Албанците: Власта се предаде, паднаа лагите, а саботажата на Коридорот 8 пропадна

Горан Наумовски

АА: Укинувањето на балансерот е антиалбанска политика