Алијансата и Алтернативата гласаа против постапката за одлагање на пописот, едногласно подржана потребата од носење на измените на Изборниот законик

Од:

Со 95 гласа „за“ и со 7 „против“ на пратениците од коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ , Собранието го усвои предлогот да се расправа за измена на Законот за пописот, со кој оваа статистичка операција ќе одложи за септември, а доаѓа по средбата на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Пратениците едногласно со 102 гласа го усвоија предлогот да се расправа и да се донесат измените на Изборниот законик, кои предвидуваат употреба на отпечаток од прст на локалните избори и нивно одложување за втората половина на октомври. Собранискиот спикер, по гласањето на предлогот, констатира дека, конечно, Собранието е одраз на договор и покажало дека има демократски капацитет.

„Оваа е знак на демократијата во пракса, ова е показател дека пратениците знаат да се усогласат и едногласно да носат одлуки, ова е добар пример за граѓаните што ги претставуваме“, рече Џафери.

Против одложување на пописот се Алијансата за Албанците и Алтернативата, кои најавија дека нивниот став нема да се промени затоа што сметаат дека пописот се одлага од политички, а не од здравствени причини. Тие најавија дека одложувањето на пописот ќе го блокираат со амандмани на собраниските комисии.

„Барам ДУИ да не го поддржи овој закон за да не се повтори 2011 година кога пропадна пописот. Ако го поддржите, тогаш ќе сметаме дека сте против интересите на Албанците. Албанската опозиција нема да молчи, како што не молчевме за Законот за државјанството, така нема да молчиме ниту за пролонгирањето на пописот, кое не е од здравствени, туку од политички причини“, рече пратеникот Скендер Реџепи, координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците.

На прозивката во име на ДУИ одговори пратеникот Арбер Адеми, кој истакна дека нема да ја поддржат опозицијата поради својата неодлучност и неконзистентност.

„Пратениците од ДУИ се важни во оваа Собрание затоа што прават визионерски политики, не случајно граѓаните ни даваат нам поддршка. А вие што правите, еден став имате рано наутро, вечерта друг, а утре се будите со трет. Кој ваш став да го поддржиме? Сами барате средби со Заев и со Мицкоски, а не одговарате на поканите што ние ви ги нудиме. За кои политики да ве поддржиме?“, рече Адеми.

По изгласаниот дневен ред, на кој се овие две предложени законски решенија по барање на пратеникот Скендер Реџепи, спикерот Талат Џафери даде пауза од еден час, а матичните комисии ги задолжи да расправаат по двете точки. По разгледувањето во комисиите, предлозите се враќаат на седницата на која пратениците ќе треба да ги изгласаат.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

Во Финска три потписи, во Македонија 2003 за независни листи: Невладините реагираат на измените на Изборниот законик

Орце Костов