Сеад Кочан од вечерва е во затворот Идризово.
Полициските „алфи“ го спровеле во затворот, откако претходно судот му го одбил барањето да му ја одложи казната.
Информацијата за „А1он“ ја потврдија од кривичниот суд и од МВР.
Од судот соопштија „Судија за извршување санкции донесе решение со кое го отфрли барањето како недозволено и издаде наредба осуденото лице со полициска придружба веднаш да биде спроведено во надлежната Казнено поправна установа“.
Од МВР потврдија дека ја извршиле наредбата.
Кочан е осуден на затворска казна од 4 години и 8 месеци за предметот на СЈО, „Труст“, бидејќи со лажирани документи добил тендер на ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.