Алфа: ЕУ ќе ја повлече препораката за преговори за Македонија?

Од:

Телевизијата Алфа повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека е можно Македонија да остане без препораката за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Причина за ова, според телевизијата е отсуството на политичкиот дијалог.

„Причина според дипломатите, сега не е само спорот со името и притисокот од Грција, туку и цехот што ќе треба да го плати државата поради бојкот на опозицијата на парламентот и целосно отсуство на политички дијалог“, објави Алфа.

Ова според ТВ Алфа се подготвува да влезе во нацрт извештајот, кој треба да биде објавен на 8. октомври, а ќе биде серизоен удар врз угледот на Македонија.

Вакви вести на провладините телевизии се видени повеќепати досега-ќе испадне дека препораката нема да биде одземена, но тогаш веста ќе треба да гласи дека власта повторно ја спасила државата од „неодговорните“ постапки на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини