Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) заменик-директорот Џелал Хоџиќ имаше работен состанок со Алесандро Рота, претставник на канцеларијата на Високиот комесар за национални прашања на ОБСЕ.
Џелал Хоџиќ и Алесандро Рота разговараа за правта на заедниците под 20% во областите на образованието на мајчин јазик, правичната застапеност во администрацијата, културата, употребата на јазиците и симболите, за медиумите на јазиците на заедниците и соработката со невладините организации.
Заменик-директорот Хоџиќ ги презентираше активностите кои АОПЗ ги прави во остварувањето на правата на заедниците, но и го извести Рота за следните активности на АОПЗ во оваа година, а кои се во координација со канцелариите на ОБСЕ и ЕУ. Дополнителено Рота беше запознаен со напорите на АОПЗ да ги зајакне своите капацитети, а со цел да има уште поголем допринос во остварувањето на правата на заедниците.
На крајот од конструктивниот состанок, Алесандро Рота го искажа своето задоволство за одличната соработка помеѓу АОПЗ и ОБСЕ, што е посебно важно за следните заеднички активности.