Алексовски: Решавање на водоснабдувањето во Конопница, пат до село Б’з

Од:

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски, ветува два нови инфраструктурни проекта во општината со цел решавање на проблемот со водоснабдување во село Конопница, како и инфраструктурно поврзување на село Б’з.

– Во програмата „Новата ера доаѓа“ за претстојните четири години, во Крива Паланка е предвидено поврзување на главниот резервоар од висока зона -лев брег на Крива Река со село Конопница, кадешто ќе се сублимираат сите селски водоводи во еден кој ќе го опфати целото село и трајно ќе се реши водоснабдувањето во ова село. Го најавувам и проектот до село Бз од патот кој води кон Калин Камен до центарот на селото, со што ќе се олесни сообраќајната комуникација на жителите на овој реон, со градот, рече Алексовски.

Најави и проекти за гасификација на општината, изградба на станови за млади брачни парови, како и тротоари долж целата главна улица од влезот до излезот на градот.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ