(ВИДЕО)Алексов: МОСТ нотираше злоупотреба на државни ресурси во кампањата

Од:

Од почетокот на изборниот процес Граѓанската асоцијација МОСТ има ангажирано регионални координатори во 18 регионални канцеларии, кои ја покриваат целата територија на Македонија. Овие канцеларии ја набљудуваат работата на изборната администрација, периодот пред почетокот на изборната кампања и текот на изборната кампања.

Од досега добиените и обработени 242 извештаи МОСТ забележа одредени прекршувања на изборните правила кои имаат влијание врз спроведувањето на изборниот процес.

„Во периодот од распишувањето на изборите, па се до потврдувањето на кандидатските листи на 20. февруари, политичките партии одржуваа промоции на своите кандидати за изборите и нивните програми. Во Изборниот законик изборната кампања е дефинирана како претставување на потврдените кандидати, така што оваа практика не е спротивна на законските одредби. Сепак, иако формално-правно не станува збор за предвремен почеток на изборната кампања, јавноста беше сведок дека овие настани всушност претставуваа промовирање на идните кандидати и нивните програми, без разлика на тоа што тие се уште не беа потврдени од страна на официјалните органи.

– Токму поради тоа, МОСТ и овој пат апелира прецизно да се регулира периодот од распишувањето на изборите до потврдувањето на кандидатските листи, со цел да биде јасно што политичките субјекти смеат да прават, а што не“, рече Дарко Алексов, извршен директор на Граѓанската асоцијација МОСТ.

Истата практика, рече, продолжи и по потврдувањето на кандидатските листи, но досега нема поднесено ниту една пријава до прекршителите од страна на Државната изборна комисија. Во досегашниот тек на кампањата повторно е забележана злоупотреба на државни и јавни ресурси, односно користење на службени возила во текот на изборната кампања, присуство на малолетници на предизборните собири и користење на навреди и омаловажувања во јавните настапи на кандидатите.

„Во однос на продолжувањето на рокот за доставување на кандидатските листи до 9 март, мора да укажеме на следното: Донесената измена на Изборниот законик не им овозможува на групи избирачи да го искористат дополнителниот рок за доставување на кандидатски листи, односно тој важи само за политичките партии или коалициите.

– Ова е во спротивност со членот 23 од Уставот на РМ и членот 7.5 од Документот на ОБСЕ од Копенхаген, кои на секој граѓанин му го гарантираат правото да биде избран на јавна функција. Исто така, со оглед на тоа што изборната кампања започна на 4 март, дел од кандидатите за изборите се уште не се потврдени, со што тие се ставени во нерамноправна положба. Оттука, неопходно беше да се одложи и датумот на започнување на изборната кампања, со цел изборната кампања и процесот на кандидирање да не течат истовремено“, рече Алексов.

Државната изборна комисија во принцип ги почитува роковите за спроведување на изборните дејствија. Транспарентноста на нејзината работа е зголемена со оглед на тоа што записниците од одржаните седници се објавуваат на интернет-страницата на ДИК, што беше една од препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

most-press

„Она што е забележано од досегашниот тек на работата на ОИК е дека одреден дел од нив немаат соодветни просторни услови за нормално функционирање. Изборната комисија на град Скопје не му дозволи на набљудувачот на МОСТ да ги следи седниците поради непостоење на просторни услови. Ова е апсолутно неприфатливо. Во согласност со член 88 од Изборниот законик, за спроведување на локалните избори средства се обезбедуваат од буџетот на општината и градот Скопје и со нив располага општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје. Одредени ОИК се соочуваат со финансиски проблеми.

– Причини за ова се следните: 1 општина нема предвидено средства за изборите во рамките на нивните буџети за 2013 г. (Ранковце), 2 општини имаат блокирана сметка (Градско и Пласница) и 1 ОИК се уште нема отворено сметка (Свети Николе). Исто така постојат и ОИК кои се уште немаат добиено средства на жиро-сметките, ОИК со префрлени делумни износи од предвидените, како и 1 ОИК на којашто предвидените средства од страна на општината не и се доволни за спроведување на нејзините активности (Чашка). Мора да напоменеме дека и покрај тоа што за законитоста на работата на ОИК е надлежна ДИК, општините се единствено одговорни за обезбедување на просторни услови на ОИК, а при локални избори и за финансирање на ОИК. Јавноста треба да знае дека од овие средства ќе се подмират сите трошоци поврзани со спроведувањето на изборниот процес, освен трошоците за изборниот материјал. Ова во голема мера влијае на нивната работа и може да предизвика сериозни проблеми во спроведувањето на изборниот процес“, изјави Алексов.


Исто така, според извештаите на регионалните координатори, ОИК не секогаш одржуваат седници, туку работни состаноци за кои набљудувачите не се известени, со што не можат во целост да ја следат нивната работа. Забележано е дека ОИК немаат унифициран начин на водење на записниците од седниците. Оттука, можеби е потребно ДИК да донесе упатство со кое подетално ќе се регулира начинот на работа на ОИК, односно свикувањето и одржувањето на седниците и водењето на записници од истите.
Што се однесува до обврската општините да донесат одлука за места за бесплатно истакнување на плакати, МОСТ после 10 изборни процеси нема повторно да го констатира истото прекршување на законот.

Проектот “Домашно набљудување на Локалните избори 2013“ е реализиран од страна на Граѓанска асоцијација МОСТ, и досега е поддржан од Швајцарската агенција за меѓународен развој, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија и Амбасадата на Кралството Норвешка од Белград, Србија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он