Желбата на Македонската православна црква да добие црква мајка во Бугарската православна црква е многу комплексна и многу важна тема за која сега многу се радуваме дека има можност да се решава од двете страни. Тоа го изјави свештеник Александар Волков, началник на прес службата на Московскиот и на цела Русија патријарх Кирил.
Изјавата беше одговор на прашање каков е односот на Руската православна црква за желбата на МПЦ, БПЦ биде нејзина мајка црква, јави БТА.
– Ние не можеме да предвидиме какви ќе бидат решенијата, но во секој случај Руската црква со внимание и со длабок интерес го набљудува процесот на преговори, изјави Волков.
Тој го даде одговорот за МПЦ откако им соопшти на новинари дека нема да се одржи предвидената прес конференција на митрополитот Иларион од РПЦ и на митрополитот Кипријан од БПЦ. Тоа беше дел од програмата на рускиот патријарх во првиот ден од тридневната посета на Бугарија.