Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Од:

Д-р Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпретседател на СДСМ, соопшти денеска на прес-конференција лидерот на партијата Венко Филипче.

Филипче денеска предлогот ќе го соопшти на седница на Извршниот однор на партијата закажана за 18 часот. Предлагот Трајановски да биде нов потпретседател на СДСМ треба да помине и пред членовите на Централниот комитет, но засега седница на ова највисоко тело на опозициската партија не е закажана.

-Вечерва ќе се одржи состанок на Извршниот одбор на кој што ќе соопштам дел од овие планови. Како што реков внимателно одиме со овој процес, барам трпение од членовите и симпатизерите. Сакам да најавам дека на потпретседателската позиција ќе го номирам докторот Александар Трајановски, кој моментално е член на Извршниот одбор. Исклучително посветен човек на партијата, кој имаше одлична кампања, привлече многу внимание и сметам дека ова ќе биде значајно кадровско зајакнување на партијата, изјави на прес-конференцијата Филипче.

Трајановски, кој беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром, ќе биде предложен за потпретседател на СДСМ по оставката на Ана Чупеска, по локалните избори 2025.

Филипче ги демантираше написите во медиумите дека бил одбиен од поранешен градоначалник, нарекувајќи ги апсолутна невистина.

-Нема таков човек кој некаква понуда одбил. Нема, рече претседателот на СДСМ додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ се занимава со некои вакви прашања, наместо да одговори на прашања поврзани со економијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он