Триесет и деветгодишниот П.Ш. од од Пешкопеја, Албанија вчера е пронајден мртов во комбе во атар на струшкото село Ливада, соопшти полицијата.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Струга. Притоа, било утврдено дека Ф.Ш. бил ангажиран кај Д.Р. од с.Ливада како овчар, а комбето го користел како преноќиште. Во комбето била пронајдена плинска греалка која се користела за затоплување.
По наредба на јавен обвинител, врз телото била направена обдукција, при што е констатирано дека Ф.Ш. починал од труење со јаглено-моноксид. Телото на починатиот, по обезбедување на потребната документација за транспорт во Република Албанија, ќе биде предадено на семејството.