Албански државјанин ограбил две куќи во Струга

Од:

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 28-годишен државјанин на Албанија кој илегално престојувал во државава и за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела тешка кражба.

Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека осомничениот завчера насилно влегол во две куќи во Струга, одземајќи таблет, телефони, накит, два велосипеди и други предмети.

Обвинителството до Основниот суд во Струга достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност да го повтори делото.

– Осомничениот заедно со уште едно лице биле осудени во 2019 година во Струга за кривично дело – Разбојништво при обид да ограбат обложувалница, што јасно упатува на неговата подготвеност да стори кривични дела и во иднина. Бидејќи станува збор за странски државјанин без регулиран престој во државава, кој не ја почитувал судски определената мерка за 8-годишно протерување од земјава, очигледно е дека осомничениот е подготвен илегално да ја минува границата и лесно да стане недостапен на органите на прогонот. Од тие причини, Судот го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Струга и на осомничениот му определи притвор со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на кривичната постапка​, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

18 годишник сакал да ограби банка во Аеродром – фатен на дело

30 дена притвор за разбојник од Скопје

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране

Уапсен крадец од Охрид кој крадел во родниот град

Пазарџии претепаа малолетник кој украде тренерки од тезга

Орце Костов