Албански државјанин фатен со кокаин кај Ќафасан

Од:

Попладнево на патот од граничниот премин Ќафасан кон Струга, полицијата запрела 23-годишен албански државјанин од блискиот град Либражд и во неговиот „Голф“ пронашла околу 50 грама кокаин, соопшти МВР.

„На 09.10.2020 околу 17.15 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга и Регионален центар Запад на патот Граничен премин Ќафасан – Струга запреле возило „голф“ и го привеле Р.К. (23) од Либражд, Албанија, кај кого е пронајдено околу 50 грама кокаин,“ се вели во соопштението.

Р.К. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава до надлежното обвинителство, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Со кражба на идентитет испрале десет милиони евра од кокаин

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари

Дилер од Битола двапати му продал дрога на дете

Горан Наумовски

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски