Албански државјани ловеле риба во Охридско

Од:

Полициските службеници надлежни за гранично набљудување на Охридското Езеро вчера напладне затекнаа државјани од Република Албанија кои ловат риба на територијата на Република Македонија. 

Чамецот е забележан од правецот на Свети Наум кон караулата Радожда на два километри од граничната линија во кој имало три лица. Откако забележале дека полициските службеници им се приближуваат, во Езерото ги фрлиле рибарските мрежи и се упатиле во правец на државната граница кон Албанија. Од страна на полициските службеници, на околу 1.500 метри од државната граница,  чамецот бил запрен при што во него биле затеканти Ј.Ш.(21), Д.Б.(18) и едно 5 годишно дете сите од Р.Албанија.

Во чамецот бил пронајден риболовен алат и девет парчиња риба (5-пастрмка и 4 белвици со вкупна тежина од 1.400кгр. Од Ј.Ш., со потврда за привремено одземени предмети одземено е метално кајче и пента, кои се предадени во ПС за ГН „Охридско Езеро“ за понатамошна постапка. Лицата се предадени на полициски службеници од ПС за ГН „Франгово“ за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум