Албанската Влада издвои 100.000 евра за Македонија

Од:

Албанската Влада одлучи да испрати 100.000 евра за санирање на послеиците во настраданите подрачја во Македонија.

Веста ја соопшти министерот за финансии Дитмир Бушати, кој додаде дека продолжуваат контактите со македонските власти за добивање информации за предизвиканите штети, со цел помошта да продолжи.

– Ова е првичен фонд бидејќи македонските власти се уште немаат целосен, јасен биланс за причинетата штета и барањата. Албанија е секокаш до Македонија во секој момент, изјави Бушати.

Албанскиот државен врв веднаш по трагедијата што ја погоди Македонија, изразија длабоко сочувство и солидарност, како и целосна подготвеност да помогнат во санирањето на последиците.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!

Предраг Петровиќ

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол