Европскиот сојуз за промена формираше пратеничка група во Собранието. Во него има шест пратеници од партиите кои го сочинуваат блокот на алабанската опозиција. Координаторка на групата ќе биде пратеничката Сафије Садики Шаини.
– Во духот на одлуката на партиските органи до претседателот на Собранието испративме информација за формирањето на пратеничката група. Европскиот сојуз за промена цели да ги искористи сите можности кои ги дава деловникот за пратеничките групи. Формирањето на пратеничката група ке биде додадена вредонст на оваа соработка на нашите три партии. Нашата моќ се зголемува секојдневно. Апелираме до Талат Џафери да не го пролонгира изборот на членот на ДИК кој и следува на опозицијата, тоа го прави соочесник во кршењето на Изборниот законик. Ќе ја водиме битката за ослободување од ДУИ до крај. Мнозинството од албанскит народ сака промени и оваа лавина на промени никој не може да ја спречи, рече лидерот на Алтернатива Африм Гаши на прес конференција во Собранието.