А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Албанија молчи за барањето на Македонците од Голо Брдо

by А1он02/02/2013 - 13:1502/02/2013 - 13:16175
Share0

Надлежните институции во Албанија се уште не одгвоориле на петицијата на Македонците од Требиште, Голо Брдо, со која пред 20 дена побараа нивните деца да го изучуваат македонскиот јазик во основното образование.

Добивај вести на вибер

На иницијатива на македонското друштво „Мост” од Голо Брдо беа собрани 45 потписи од родителите на децата што учат во основното училиште „10 покојници” во Требиште и заедно со барањето на друштвото „Мост” на 11 јануари беа  доставени до Регионалната канцеларија за образование во Булќиза, која е надлежна за образованието во Голо Брдо, до Дирекцијата за образование во Пешкопеја и до Министерството за образование на Република Албанија.

– По молкот на надлежните институции ние како друштво испративме допис  до Владата на Република Албанија, Министерството за образование, Народниот правобранител, Комесарот против дискриминација, Државниот комитет за малцинствата, амбасадите на ЕУ и ОБСЕ во Албанија, како и до амбасадите на Македонија, САД, Србија и на Романија во Албанија, изјави Бесник Хасан,  претседател на „Мост“.

Според „Мост“, петицијата е врз основа на Уставот на Република Албанија, Законот за образование на Република Албанија, Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, условот што и е поставен на Албанија за исполнување на 11-та препорака на Европската комисија за почитување на правата на малцинствата за земјата да добие кандидатски статус за членство во ЕУ, и врз основа на други конвенции и закони што Албанија ги има потпишано за правата на човекот и на малцинствата.

– Мајчин јазик во Требиште и Голо Брдо е македонскиот, децата до седмата година не знаат албански јазик и почнуваат да го изучуваат во училиште, се вели, меѓу другото, во писмото на македонското друштво „Мост”.

Претседателот на друштвото Бесник Хасани за весникот „Македониум“  изјави дека не го изненадува молкот на албанските институции, но дека Македонците од Голо Брдо нема да се откажат од нивното легитимно барање нивните деца да го изучуваат својот мајчин јазик.

albanijaobrazovanie

Би можело да ве интересира

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он08/01/2026 - 17:35

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Горан Наумовски02/01/2026 - 13:33

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски22/12/2025 - 14:3122/12/2025 - 14:32

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски18/12/2025 - 14:2918/12/2025 - 14:32

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили

Горан Наумовски24/11/2025 - 19:05

Албанија го отвора последниот Кластер од пристапните преговори со ЕУ

Катерина Ѓуровски17/11/2025 - 08:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен