А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Албанија ја продолжува поддршката за македонската евроатланска интеграција

by А1он14/05/2013 - 15:17137
Share0

Продолжува цврстата поддршка за Република Македонија во нејзините напори за членство во евроатлантските институции за каде што ги има исполнето сите критериуми предвидени со актите и на НАТО и на ЕУ. Ова е заедничката порака од државниот врв на Република Албанија што беше искажана на средбите кои денеска ги имаше министерот за одбрана на Република Македонија Талат Џафери во Тирана со претседателот Бујар Нишани, претседателката на Собранието Џозефина Топали, премиерот Сали Бериша и министерот за одбрана Арбен Имами.

Добивај вести на вибер

– Ги поддржуваат нашите напори за изнаоѓање одржливо и прифатливо решение околу прашањето за името што постои со јужниот сосед, изјави министерот Џафери по средбата со премиерот Бериша,јави известувачот на МИА.

Заедничка е и определбата да се продолжи и соработката во билатералните, регионалните и пошироко проекти меѓу министерствата за одбрана и армиите на двете држави.

– Треба и понатаму со заеднички напори да продолжиме да бидеме дел од настојувањата за изнаоѓање и продуцирање мир и демократија во регионот и во светот таму каде што ние учествуваме, рече министерот Џафери.

На средбата со министерот за одбрана Имами разговарано е и за изнаоѓање можни решенија за заедничко учество во постмисијата ИСАФ 2014 година. Таквото понатамошно учество во мисиите, се согласиле Џафери и Имами, меѓу другото ќе придонесе за намалување на трошоците за учество во мисиите надвор од нашите држави.

Билатералната соработка меѓу двете министерства за одбрана и армиите ќе се продлабочува и преку размена на искуства, обуки и едукации како на полигонот „Криволак“ и центрите за комуникации и за обука на пилоти во Македонија, така и во Тирана во Командата за обука и доктрини.

Министрите за одбрана на Македонија и на Албанија изразија надеж дека набргу ќе се реализира и проектот за воздушна контрола. Отворена е и можноста за формирање регионално координативно тело за справување со природни катастрофи за да се овозможи побрза и поквалитетна реакција од страна на постоечките капацитети.

eu

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто