Алатката „Локален избор“ достапна и по првиот круг

Од:

Алатката за информирање на гласачите Локален избор (www.lokalenizbor.mk) ќе продолжи да биде достапна и во корист на граѓаните и по првиот круг на гласањето.

Во три од петте фокус општини, кои се пфатени со алатката ќе има гласање и во втор круг на 29 октомври, во Чаир, Росоман и Струга.

Освен овие општини алатката беше достапна и во Аеродром и Струмица, каде градоначалници беа избрани во првиот круг на гласање.

Во изминативе три недели тимот на Локален избор направи повеќе од 30 презентации во сите фокус општини и тоа непосредно со граѓани, целно во урбани заедници, на универзитети, со средношколци што наполниле 18 години, како и се пензионери, со цел информирано гласање и подобра информираност за програмите и ставовите на кандидатите и партиите кои учествуваат на локалните избори.

Институтот за истражување – Импакт ќе објави анализа на податоците по завршувањето на изборните трки.

Алатката Локален избор ја креираше Институтот за истражување Импакт, со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството на Холандија во Македонија.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори