Аларм за спас на Охрид и езерото

Од:

Уште колку време ќе опстане Охрид како на овие фотографии? Алармот за спас на градот и езерото е вклучен. Охрид се мобилизира да се спротивстави на урбаните амбиции на функционерите, на нивните заборавени предизборни ветувања, на желбите да остават свој печат па ако треба да го покријат печатот на природата. По Скопје, Охрид станува мета на невкусот и кичот, на плановите да се ќари евтина парцела до брегот, па ако треба и да се уништи природата.

10422501_10152857127243789_4596659798634784963_n

По плановите за хотели и казина во Љубаништа, урбанизација на просторот под Плаошник, информациите за плановите за отстранување на трската од езерото, сега се чепна и во Студенчишкото блато.

11081367_10152857127368789_4433829107455135775_n

Со почетокот на проширувањето и изградбата на пешачката патека во близина на мостот кај каналот Студенчишта е означен почетокот на згаснувањето на едно од најголемите природни богатства на Охрид, Студенчишкото блато.

Градежните активности кои започнаа деновиве го вклучија црвеното светло кај граѓаните.

1491768_10152857127438789_1219555222488910429_n

Во Охрид формирана е граѓанска иницијатива „Охрид SOS“ за заштита на животната средина и културното наследство во Охрид и околу Охридското Езеро.

Тие апелираат Студенчишкото блато како реткост по секоја цена да се заштити. Охрид е на потег – ќе дозволи градот да се претвори во кич од пластики , алуминиум и бетонски плочи или ќе застане на страната на природата. Фотографиите се на еден од основачите на иницијативата “СОС Охрид“ , Петар Бавчанџиев, која на фејсбук има веќе поддршка од 1000 охриѓани.

ohr (3)

ohr (2)

ohr (12)

ohr (11)

ohr (10)

ohr (9)

ohr (8)

ohr (7)

ohr (6)

ohr (5)

ohr (4)

ohr (1)

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките