„Ал Џезира“: Хојт Ји ќе го замени Џес Бејли

Од:

Дописникот на „Ал Џезира Балканс“ повикувајќи се на извори во Стејт департментот тврди дека Хојт Брајан Ји, заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, ќе биде нов амбасадор на САД во Македонија.

Тој би го заменил актуелниот амбасадор Џес Бејли, кој е амбасадор во Македонија од декември 2014 година.

Ји е искусен кариерен дипломат и добар познавач на Балканот, а кариерата ја почнал во деведесетите години заедно со Ричард Холбрук.

Засега нема официјална потврда за евентуалното назначување на Ји, а неговото испраќање во Македонија се оценува како потврда за зголемениот ангажман на Вашингтон на Балканот, поради обидите на Москва за наметнување на своето влијание.

Би можело да ве интересира

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје