Активни уште две жаришта од големиот пожар на Огражден, се очекува вклучување и на армиски хеликоптер

Од:

Активни се уште две жаришта од големиот пожар на планината Огражден, на територијата на Општина Ново Село, на македонско-бугарската граница.

Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), врз пожарот се дејствува на две жаришта кои се уште се активни, а се очекува по 18 часот покрај полицискиот да се вклучи и армиски хеликоптер.

Пожарот избувнал завчера попладне на планината Огражден, над селото Бадилен во граничниот појас со Бугарија.

Според информацијата од ТППЕ Струмица, пожарот зафатил околу 20 хектари нискостеблеста дабова и борова шума.

Пожарот се гасне и од бугарската страна на границата и со градежна машина е направен пристапен пат за да може да се движи теренско против пожарно возило за да го гасне пожарот.

Би можело да ве интересира

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Ангелов: Мирисот на чад што го чувствуваат граѓаните на делови од Скопје е од пожарот во месноста Рамно

Горан Наумовски

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево

Активни се шест пожари на територијата на Македонија

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец