Активни се три пожари

Од:

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои активни се три, под контрола се четири и изгаснати се 31 пожар.

Според информациите на ЦУК, активни се пожарите во Општина Петровец, кај селата Градманци, Брезница и Катланово каде што гори нискостеблeста шума, во Општина Кичево во селото Арангел каде што гори деградирана шума и во Општина Демир Хисар во селото Сопотница.

Под контрола се пожарите во Општина Прилеп кај селата Пештани, Кокре, Кален, Дуње, Бонче, Лениште, Веловодица, Смолани и Дрен, како и кај м.в. Дервен. Во Општина Долнени, кај село Десово, пожарот е исто така под контрола.

Изгаснати се пожарите во општините Чашка, Чучер-Сандево, Гази, Бутел, Сарај, Штип, Делчево, Крушево, Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Виница, Брвеница, Теарце, Гостивар, Валандово, Македонски Брод, Битола, Демир Хисар, Охрид, Струга и Дебар.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан