Активни се осум пожари, најтешка е ситуацијата во Брезница

Од:

Во текот на денот се гаснеле 13 пожари на отворено или шумски пожари. Пет се изгаснати, а активни се 8 пожари, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Најтежок е пожарот во атарот на селото Брезница, село Тажево во Македонски Брод, кој му се заканува на селото Брезница, но Ангелов е убеден дека селото ќе биде одбрането.

„Овде во текот на целиот ден дејствуваат неколку хеликоптери, ефектите од нив се мали но тука се наоѓа 40-член унгарски тим пожарникари кои даваат голем придонес со поддршка од 50 македонски професионални војници“, вели Ангелов.

Вториот тежок пожар е на територијата на Општина Демир Хисар, на Илинска планина, каде што ситуацијата е тешка, а во гаснењето активно учествува локалното население, локалните пожарникари, претставници од Национални шуми, но самата вегететација, како што велат од ЦУК, создава чад и го отежнува функционирањето на воздухопловите.

Освен овие пожари, огнени стихии има и во Охрид, над Косел, пожар кој повторно се распламнува. Пожар има и  во Богданци, кај месноста Погана и таму се дејствувало со хеликоптери, но поради ветрот морале да се вратат. Пожар има и во Гевгелија, а огнот кој се приближува до воен објект, за кој, како што информираше Ангелов, го штити војската.

Би можело да ве интересира

Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот

ЦУК: Девет пожари на отворено од кои пет се активни

Горан Наумовски

ЦУК предупредува: Многу висок FWI попладнево носи зголемен ризик од шумски и отворени пожари

Во Горно Лисиче гори ниска вегетација, дрва и пченка

Горан Наумовски

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни

ЦУК: Aктивни се два пожари, четири се изгаснати

Горан Наумовски