Активни се два пожара на отворен простор, четири се ставени под контрола

Од:

Во изминатото деноноќие во државата се регистрирани вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои два се активни, четири се ставени под контрола, а 20 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите заклучно со 7:30 часот, активни се пожарите на потегот меѓу селата Копаница и Радуша во Општина Сарај, каде е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и пожарот во штипскиот регион меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде гори ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во реонот на селата Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод, каде беа зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат, како и пожарот на Градската депонија Острец во Делчево. Под контрола се ставени и пожарите кај селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод и над селото Палиград во Општина Зелениково.

Во меѓувреме, изгаснати се 20 пожари на повеќе локации низ државата, меѓу кои кај селото Градец во Општина Врапчиште, кај селото Подмочани во Ресен, над селото Нежилово во Општина Чашка, кај селото Урвич во Општина Боговиње, како и на повеќе локации во општините Гази Баба, Струга, Долнени, Кичево, Ново Село, Старо Нагоричане, Желино, Кавадарци и Свети Николе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Двајца странци заглавиле на врвот Приберг на Шар Планина, извлечени од косовска страна

Катерина Ѓуровски

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он