Активни се четири пожари низ државава, седум се под контрола

Од:

Денеска се евидентирани вкупно 30 пожари на отворен простор низ државата. Четири се активни, седум се под контрола, а 19 се изгаснати.

Активни се пожарите во:

Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума)
Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
Прилеп / Кавадарци – помеѓу с. Никодин, с. Ракле и с. Фариш (ниска вегетација и ретка шума)

Под контрола се пожарите во:

Велес – с. Џидимирци – с. Крушје – с. Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)
Демир Хисар – градска депонија
Македонски Брод – с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
Липково – с. Ваксинце (ниска вегетација и стрниште)
Росоман – с. Трстеник (напуштени ниви)
Илинден – Индустриска зона (ниска вегетација, слама и објект)

Изгаснати се пожарите во:

Ранковце – м.в. Иваница
Ранковце – м.в. Десетак
Ранковце – с. Ранковце, м.в. Коп
Куманово – с. Четирце
Куманово – с. Пчиња
Липково – с. Виштица
Старо Нагоричане – с. Стрновац
Кратово – с. Трновац
Јагуновце – с. Јагуновце
Теарце – с. Доброште
Тетово – покрај патот Тетово–Гостивар
Свети Николе – м.в. Кантонче
Битола – населба Довлеџик
Карбинци – с. Долни Балван
Штип – градска депонија
Делчево – с. Стар Истевник
Аеродром – ул. Гаврил Константиновиќ
Гази Баба – стрелиште Камник
Сарај – крај Вардар (ниска вегетација и ѓубриште)

Би можело да ве интересира

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија