Активни се четири пожари на три локации во земјава

Од:

Денеска до 20 часот, на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 24 пожари на отворен простор. Од нив четири се активни, под контрола се два, а изгаснати се 18 пожари.

АКТИВНИ:
1. Општина Липково: с. Никуштак и Општина Гази Баба: с. Булачани (нискостеблеста деградирана и дабова шума);
2. Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре);
3. Општина Струга 1: с. Татеши (борова шума);
4. Општина Струга 2: нас. Еленкамен (ниска вегетација).

ПОД КОНТРОЛА:
1. Општина Берово: Дрџински рид, м.в. Стојковото, с. Русиново (дабова и букова шума и папрат);
2. Општина Струмица: с. Куклиш (депонија).

ИЗГАСНАТИ СЕ:
1. Општина Студеничани: с. Варвара и с. Драчевица (мешана шума и ниска вегетација);
2. Општина Гази Баба: Вардариште (ѓубриште);
3. Општина Шуто Оризари: ул. Брсјачка Буна (ниска вегетација и ѓубре);
4. Општина Сарај: с. Крушопек (ниска вегетација);
5. Општина Гази Баба: ул. Финска (ѓубре);
6. Општина Бутел: с. Љуботен (ниска вегетација);
7. Општина Битола: кај ЈНА (ниска вегетација);
8. Општина Крушево: с. Пресил (стрниште и ниска вегетација);
9. Општина Струга 1: с. Лабуништа (ниска вегетација);
10. Општина Струга 2: с. Враништа (ниска вегетација);
11. Општина Кичево: с. Грешница (стрниште и ниска вегетација);
12. Општина Дебар: м.в. Три чешми до браната ХЕЦ Глобочица (ниска вегетација);
13. Општина Кавадарци: с. Кошани (ниска вегетација);
14. Општина Делчево: Градска депонија (ѓубре);
15. Општина Липково: с. Оризаре (ниска вегетација);
16. Општина Старо Нагоричане: с. Стрновац (ниска вегетација);
17. Општина Тетово: с. Порој (ниска вегетација);
18. Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација).

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници