Активни се 14 пожари, четири се под контрола

Од:

Денеска има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 14 се активни, четири се под контрола и 11 се изгаснати.

Активни се пожарите во:

1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино (планината Голем Готен и Малешевските планини – нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Прилеп – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (опш. Новаци) и кон границата со Р. Грција (мешана шума)
3. Прилеп и Кавадарци – помеѓу с. Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен, Галиште и Трстеник (мешана шума и ниска вегетација)
4. Македонски Брод – помеѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума и грмушки)
5. Желино – помеѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
6. Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума)
7. Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Ругинце (ниска вегетација)
8. Битола – с. Велушина (ниска вегетација)
9. Битола 2 – с. Миџитлија (ниска вегетација)
10. Кичево – с. Горно Трско (ниска вегетација и ниска шума)
11. Македонска Каменица – с. Косевица (борова шума)
12. Струга – с. Ново Село и с. Делогожда (ниска вегетација и стрниште)
13. Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева)
14. Петровец – с. Ржаничино (ниска вегетација)

Под контрола се пожарите во:

1. Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
2. Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума)
3. Карбинци – с. Јунузлија (шума)
4. Петровец – с. Средно Коњаре кај р. Пчиња (мешана шума)

Изгаснати се пожарите во:

1. Василево 1 – с. Сушево кон Добрашинци (грмушки и ниска вегетација)
2. Струмица – с. Баница и н. Софилари (висока трева)
3. Гостивар – с. Чајле (ниска вегетација)
4. Гостивар – с. Чегране (депонија)
5. Гостивар – с. Градец (ниска вегетација, ниви, меѓи)
6. Брвеница – с. Радиовци (ниска вегетација)
7. Боговиње – с. Камењане кон Јеловјане (ниска вегетација)
8. Свети Николе 1 – с. Ѓурѓанци (ниска вегетација, трње и борова шума)
9. Свети Николе 2 – с. Преод (ниска вегетација, трње и шума)
10. Македонски Брод – с. Требоње (ниска вегетација)
11. Кичево – кај РЕК Осломеј (ниска вегетација)
12. Охрид – с. Вапила (ниска вегетација)
13. Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација)

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници