Активни се 10 пожари на територијата на Македонија

Од:

На територијата на државата има вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои, активни се 10 пожари.

Според ЦУК има пожари во Општина Македонски Брод 1: помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки) Општина Македонски Брод 2: с. Самоков (опожарен лесно запалив материјал) Општина Македонски Брод 3: с. Рамне (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков) Општина Чашка: под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар) Општина Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација) Општина Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума) Општина Кавадарци 1: с. Крушевица (ниска вегетација)
Општина Кавадарци 2: с. Крњево (нискостеблеста вегетација) Општина Велес: нас. Речани (сува трева) Општина Шуто Оризари: депонија.

Изгаснати се четири пожари во Општина Бутел: с. Љубанци (ниска вегетација) Општина Старо Нагоричане: (нискостеблеста шума и сува трева) Општина Демир Хисар: Ново Село (помошен објект – плевна) и Општина Прилеп: с. Веселчани (сува трева).

Би можело да ве интересира

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Прва координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи за справување со пожарите

A1on

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни