„Активни разговори“ за вклученост на децата во креирањето политики

Од:

Вклученоста на децата со попреченост во различните општествени сфери, на девојките во информатичките технологии, младите во создавање јавни политики, се дел од темите што ќе бидат опфатени на манифестацијата „Activate Talks“ што денеска се одржува во Младинскиот кулутрен центар во Скопје, во организација на УНИЦЕФ и Младински образовен форум.

Дона Костуранова, директор на МОФ информира дека „Активни разговори“ е меѓународен настан, што првпат се организира во Македонија.

– Идејата е да даде инспирација да ги покаже младите лидери, да ги инспирира младите луѓе во едно општество за преземање сопствени иницијативи, сопствени чекори унапредување на нивните животи и поголем ангажман, истакна Костуранова.

Шест лидери, како што појасни, ќе говорат за теми што ги засегаат младите во повеќе области да ги охрабрат младите и да даде основа за младите да преземаат сопствени иницијативи или да ги разбираат подобро ова прашања.

Евроамбасадорот Аиво Орав смета дека денешниот настан се одвива во насока на интегрирње на детските права, во насока на донесување одлуки, политики и закони. Со овој настан, додаде тој, ќе се одбележат 25 години од Конвенцијата за правата на детето, со која може да се намалување на детската смртност и зголемувањето на запишување во училиште.

– Сепак, уште многу треба да се направи во овој поглед. Се помалку има запишување деца во претшколско образование, деца се соочуваат сиромаштија, како и жртви на сексуална злоупотреба и насилство. Заради тоа треба доста да се направи за да се подигне здравјето и исхраната на децата, заклучи Орав, подвлекувајќи дека многу деца не ги уживаат целосно своите права.

Претставникот на УНИЦЕФ Бертран Демулен истакна дека многу деца се соочуваат со проблеми, со кои им се намалуваат правата.

 – За да се соочиме со овие предизвици мораме да бараме нови начини за размислување и активности. Заради тоа УНИЦЕФ ја прогласи 2014, како „година за иновации и еднаквост“ за да го фокусираме светското внимание на покажување и развивање иновативни одлуки за доброто на децата, рече Демулен. 

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ: Децата не можат да си дозволат дополнителен прекин во наставата

А1он

УНИЦЕФ ја осудува секоја повреда на правото на децата на квалитетно и инклузивно образование

А1он

УНИЦЕФ одбележува 75 години од основањето

Ана Ололовска