Активни пожари во село Раовиќ, на потегот меѓу Барово и Вешија, под контрола тие кај Дивље и Крушија

Од:

На потегот меѓу селата Барово и Вешија избувнат е пожар на мешовита нискостеблеста и вискостеблеста шума. Станува збор за непристапен терен, а во моментов интервенират две теренски возила, една цистерена на Територијалната противпожарна единица (ТПЕ) од Неготино со шест пожарникари, четири цивилни лица волонтери, едно теренско возило, четворица пожарникари од ТПЕ од Кавадарци и теренско возило и пет вработени од ШС Демир Капија. По барање на градоначалникот на општина Демир Капија ангажирани се и два армиски хеликоптери, соопшти на денешна прес-конференција портпаролот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Надица В чкова.

На редовната прес-конференција за активните пожари во земјава до 17 часот, В чкова информира дека се уште е активен пожарот кај село Раовиќ, во општина Сарај. -Повторно на три-четири места се забележува чадење на самиот срт и по сртот на планината Осој, рече портпаролот на ЦУК.

Пожарот кај село Дивље и село Крушија е ставен под контрола. На одредени места се забележува чадење.

Веќе е изгаснат пожарот што избувна во текот на утринските часови на месноста викана Градишче, атар на село Владимирово. Опожарена е мала површина на мешана шума и сува трева, а на терен поради контрола е останата екипа на ШС Малешево од Берово со едно теренско возило со цистерна и четворица вработени.

-Пожарот на градската депонија Виница во место викано Лесковски пат е веќе локализиран, но не и целосно ликвидиран. Во текот на денешниот ден ЈП „Солидарност“ од Виница врши покривање со земја на самата депонија, рече В чкова.

Ставен е под контрола пожарот, кој избувна меѓу селата Матејче и Виштица, каде гори сува трева и грмушки. Интервенираат тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Појава на пожар на отворен простор има и во атарот на село Отља, кон село Матејче. Во гаснењето на овој пожар се вклучени тројца пожарникари со противпожарно возило, четворица полицјаци од ПС Матејче, како и 30-тина граѓани од село Отља. Пожарот е ставен под контрола и не постои опасност од проширување кон објекти и шума.

Би можело да ве интересира

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово

ЦУК: Два пожара на отворено во последното деноноќие, 1 853 повици на 112

Џафери: Нема друг начин освен директорот на ЦУК да заврши со разрешување

(ВИДЕО) Пожар уништи зграда во изградба во Русија за само 20 секунди

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Мечка се појавила во штала во гостиварско Форино

Катерина Ѓуровски