Активни два пожара во Македонија, а три се под контрола

Од:

Во изминатотоо деноночие во земјава се регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои два се активни, три се под контрола, а 22 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Општина Маврово и Ростуше кај месноста Голем Брдаш каде што гори шума и во Општина Шуто Оризари – кај Визбегово, позади хотелот „New Star“, каде што е запалена депонија.

Пожари под контрола се пожарите во Општина Зелениково над с. Палиград – Преслап, во Општина Сарај – кај с. Копаница и во Општина Струга – кај селата Пискупштина, Буринец и Локов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Со часови беснее пожар во романскиот зимски центар Појана Брашов, евакуирани 150 лица

Догорче од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

Пожар во болницата „8 Септември“ во Скопје, пациентите се евакуираат

Горан Наумовски

Пожар во подземниот паркинг на КАМ мол во Ѓорче Петров, евакуирани посетителите

Горан Наумовски

Изгорен стан во Белград, во ходникот пронајдено тело на 55 годишник

А1он

По повеќечасовна потрага, пронајден планинарот кој исчезна во Мариово