Активистите бараат СЈО да ги истражи подземната сообраќајница и комплексот на „Лимак“

Од:

Активистите од „Во одбрана на Дебар Маало“ ги повикуваат истражните органи, вклучително и специјалното јавно обвинителство, да поведат истрага за изградбата на подземната улица и комплексот кај Старата железничка станица, каде што инвеститор е турската компанијана „Лимак холдинг“. Од иницијативата велат дека со двата проекта компанијата го оддалечува Скопје од исполнување на европските стандари за урбано живеење.

„Компанијата ‘Лимак’ не само што со овој проект ќе го претвори центарот на градот во неподносливо место за живеење туку воспоставува пракси на водење бизниси, кои се веќе видени во Турција. Имено, последниве 15 години ‘Лимак’ профитира од сомнителни зделки со владејачката партија во Турција и нејзиниот лидер Реџеп Таип Ердоган. Значи, ‘не’ за ердоганизација на градот, а „за“ за европско Скопје“, велат од иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“, кои потсетуваат дека проектот ќе вклучува речиси 1.000 стана во 20-катници, со канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности, каде што ќе биде сместен Музејот, ќе има места за јадење и пиење, фитнес-центар, казино и паркинг со капацитет за 2.000 автомобили“.

Официјалниот почеток на градење го поздравија премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и градоначалникот Петре Шилегов. „Лимак“ уште еднаш пред нив го претстави целиот проект, кој предвидува целосно урбанизирање на просторот околу Јужен булевар.

Комплексот ќе вклучува 772 стана во 20-катни згради, трговски центар, хотел, ресторани, кафулиња, фитнес-центар, казино и паркинг со капацитет за 2.800 автомобили.

Изградба на подземната сообраќајница ја најави и ексградоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, во 2012 година. Тој го обврза инвеститорот првин да ја изгради подземната сообраќајница, а потоа да го гради комлексот. Но, Турците вчера се пофалија дека во напредна фаза е изградбата на комплексот над земјата, а подземната сообраќајница допрва ќе се гради.

„Лимак“ го купи земјиштето во 2012 година. За плацот кај Старата железничка станица, со површина од 10.000 квадрати, Турците платија приближно половина милион евра, а за парцелата од 30.000 квадратни метри над планираната подземна улица платија речиси 3,2 милиони евра.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Истражителите истражуваат смрт на двајца мажи на различни локации во Скопје

Горан Наумовски

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје