„Аксиос 2017“ објавува јавен повик за набљудувачи за парламентарните избори

Од:

Граѓанската организација „Аксиос 2017“ од Скопје објавува јавен повик за волонтери – набљудувачи за претстојните парламентарни избори 2020 година.

– На претстојните парламентарни избори 2020, граѓанската организација ќе го следи изборниот процес и политичките кампањи кои се составен дел на изборите. Ангажманот на набљудувачите, за време на набљудувањето на денот на изборите треба да биде политички независен, во рамките на мотото „Излези да гласаш“ и на ниту еден начин да не влијае на крајниот исход на изборите, се наведува во соопштението на организацијата.

Заинтересирани граѓани кои сакаат да се пријават за акредитирани набљудувачи и волонтери можат да се пријават најдоцна до 07 јули 2020 до 10 часот, на следнава адреса: [email protected], со испраќање на податоци – име, презиме, адреса на живеење според лична карта, датум на раѓање и контакт-телефон.

Кандидатите за набљудувачи – волонтери треба да се македонски државајани, да имате навршено 18 години на денот на пријавувањето, да имаат искуство при набљудување на претходни изборни процеси и да сте подготвени непристрасно да ги вршите задачите на набљудувач.

Набљудувањето на овие избори од страна на „Аксиос 2017“ ќе претставува континуитет на изминатиот мониторинг на изборниот процес за време на претседателски избори во 2019, кој организацијата го следеше со 329 мобилни набљудувачи.

– Овие избори ќе ги следиме со мобилни набљудувачи распределени на целата територија на државата. Во тој однос, ќе поднесме барање до Државната изборна комисија за акредитација на набљудувачи. Најголема активност кон која сме насочени за овие парламентарни избори е набљудувањето на изборниот процес на денот на гласање. Меѓутоа, освен оваа активност ќе го набљудуваме и целиот процес на организирање на изборите во насока на фер и демократски избори, искористување на демократското право на глас и учеството на граѓаните во политичките процеси, се наведува во соопштението.

Граѓанската организација „Аксиос 2017“ досегашниот предизборен процес го оценува како мирен, фер и стабилен и ги повика сите политички чинители за одржување на фер и демократски избори на кои граѓаните ќе можат непречено и во пријатна атмосфера да си го остварат правото на глас.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он