„Ако затворите за Задушница, тешко вас“, му се заканиле на градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски

Од:

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, добива закани да не ја затвора општината за претстојниот верски празник по најавите дека до крајот на неделава е можно да бидат прогласени локални карантини во деловите од земјата каде што има зголемен број новозаболени. Бутел веќе неколку дена е меѓу првите пет општини по број на новозаболени  и во моментов има 37 активни заразени со Ковид – 19.

Заканите кај градоначалникот почнале да стигнуваат откако повторно почна да расте бројот на новозаболени.

„ ’Ако затворите за празникот тешко вас’, пцости и навреди на нациолнална основа добивам постојано. Не ме загрижуваат за мојата безбедност, но секако не сме рамнодушни во однос на носењето на одлуките. Сакаме да ги земеме предвид забелешките од сите. Од друга страна на сите ни е јасно дека за Задушница ризикот за ширење на заразата е голем, се носи храна, се прави групирање. Сметам дека треба да почекаме до четврток за одлука“, вели градоначалникот Смилевски.

Заканите ги добива во пораки и точно знае од кои лица се, но не ги пријавил во МВР.

„Јас постојано добивам закани. Ако сите ги пријавувам МВР ќе треба да работи само за мене“, објаснува Смилевски.

За Задушница Бутел ќе направи и дополнителна дезинфекција во црквите. – Црквата „Св. Јован Крстител“ во Бутел

Тој вели дека за Задушница не се проблем само Градските гробишта, кои се на територијата на општина Бутел, туку и можноста за групирање во црквите. Во пресрет на празникот градоначалникот најави дека ќе направат дополнителна дезинфекција во црквите.

И за него бројката 37 активни случаи во Бутел не е мала, но вели дека епидемиолозите имаат контрола, а активните случаи не се расеани низ општината туку ги има на неколку места.
„Позитивните случаи во Бутел се во Скопје Север и во Радишани. Сите се поврзани со заболените од Чаир и од Сингелиќ па тоа ни дозволува да сметаме дека состојбата се уште не е до таму да мора веднаш да има ригорозни мерки“, вели Смилевски.

Тој од вчера е во самоизолација поради контакт со директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска која е позитивна на коронавирусот.

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека одлука за евентуално затворање на општините каде што расте бројот на новозаболени ќе се донесе до крајот на неделава, а ќе зависи од бројот на заболени.

Духовден, или Задушница, кога правосланите христијани се молат за покој на починатите, е в петок.

Би можело да ве интересира

Пожар во скопската населба Бутел 1, се запали кровна конструкција на барака

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

За смртта на пешакот во Бутел ќе одговараат и двајцата возачи – заобиколил возило, минал на црвено, возеле брзо