Ако пропадне тендерот за нафта за ЈСП, ќе мора повторно да помогнеме, но тоа не може да оди во недоглед вели премиерот

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата нема немо да набљудува доколку пропадне тендерот за набавка на нафта за Јавното сообраќајно претпријатие и дека повторно ќе интервенира, но дека тоа не може да оди во недоглед.

– Како Влада сигруно нема да седиме немо и да набљудуваме, но да дадеме шанса и да видиме денес-утре да не има некоја повторна набавка да не се предомислат некои од економските оператори. Ако не, ние ќе мораме повторно како Влада да помогнеме, со одредена позајмица да интервенираме за Јавното сообраќајно претпријатие, но тогаш се поставува прашањето до кога вака. Навистина треба да се поведе сметка околку процесот на децентралзиација затоа што ако некој не може тоа да го прави, тогаш да интервенираме законски, барем да ги преземеме интегернциите и да ја стабилизараме состојбата, рече Мицкоски по прес-конференцијата во Владата.

Резервите на нафта што Владата ги отстапи од државните резерви за дне – два треба да се потрошат, а во меѓувреме беше распишан нов тендер за набавка на нафта за ЈСП по поништувањето на првиот тендер поради што главниот град се најде во ситуација да биде опслужуван само со 30-тина автобуси, а останатите беа паркирани во гаражите поради недостиг на нафта.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ниту едно дете не смее да биде заборавено, ниту еден детски сон не смее да биде однапред изгубен

Горан Наумовски

ВИДЕО: 20 отсто поевтини станови, нула комуналии за куќа и повисок студентски оброк, Мицкоски најавува нови мерки

(ВИДЕО) Рама: Македонија со право се сомнева дека ќе има ново вето и по внесувањето на Бугарите во Уставот, но мора да го исполни условот

(ВИДЕО) Рама: Случајот „Монструм“ треба да го решаваат институциите во Македонија, нема да се мешаме во внатрешните работи

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе ги доближи Македонија и Албанија

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он