Ако Јанева денес не каже зошто не доаѓа на работа, исполнува услов да добие отказ

Од:

Доколку денес шефицата на СЈО, Катица Јанева, не поднесе образложение зошто отсуствува од работа, според Законот за работните односи ѝ следува отказ. До овој момент е неизвесно дали Јанева ќе побара да го искористи правото на одмор или ќе отвори боледување.

Прекинувањето на договорот меѓу Јанева и СЈО може да биде поради кршење на работниот ред и дисциплината.

„Работодавецот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплината или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот неоправдано изостане од работа едноподруго од три до пет работни дена“, се вели во членот 82 од Законот за работните обврски.
Вработените во специјалното јавно обвинителство за „А1 он“ коментираат дека е неизвесно кој ќе ги потпишува решенијата што излегуваат од СЈО, меѓу другото, и налозите за исплаќање плата.

Од СЈО велат дека обвинителката Јанева подлежи на Законот за работни односи, иако во Законот за СЈО има посебни одредби за разрешување на специјалната обвинителка.

Јанева во понеделникот даде оставка непосредно пред да биде уапсен Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Истиот ден, неколку часа подоцна, обвинителката Русковска изјави дека Боки 13 го користел своето влијание врз јавен обвинител за да олесни положба на едно осомничено лице во постапка што се водела против него.

Вечерта Обвинителството за организиран криминал ѝ го одзеде телефонот на Катица Јанева. Истрагата за која се водела трговијата со влијание во новата истрага што денеска ја обелодни Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е „Империја“, што СЈО ја отвори на 9 ноември 2018 година.

Јанева, која ќе замине од функцијата со донесување на новиот закон за Обвинителството, е недостапна да даде објаснување дали таа е директно инволвирана во случајот за рекет, иако нејзиниот телефон е вклучен.

Би можело да ве интересира

Апелациониот суд Скопје ја објави пресудата за Боки 13

Катерина Ѓуровски

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор