А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Анита Петровска Рајковиќ
Македонија

Ако имате информации за Онкологија пријавете во Обвинителство – три предмети за продажба на лекови веќе се во процедура

by Анита Петровска Рајковиќ04/09/2023 - 11:4004/09/2023 - 11:403962
Share0

Јавното обвинителство ги охрабрува сите оние кои имаат сознанија во врска со препродавањето лекови од Онкологија, да ги пријават на надлежните органи.

Добивај вести на вибер

Основното јавно обвинителство Скопје од претходно веќе води три постапки за изолирани случаи на обид за кражби на лекови и поткуп поврзани со Клиниката за онкологија, од кои едниот е веќе во судска постапка, информираат од Обвинителството.

– Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи, врз основа на своите законски надлежности, интензивно преземаат дејствија за испитување на наводите за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија. Во континуитет сe издаваат наредби и се обезбедуваат докази кои треба да ја проверат вистинитоста на наводите изнесени во новинарските истражувања објавени во последните недели, велат од Обвинителство

Според обвинителството при истрагата целосно соработуваат и помагаат и раководството на Клиниката за онкологија, но и друг лекарски и медицински персонал. И уверуваат дека сите наводи ќе бидат до крај истражени, а сите евентуални сторители на кривични дела ќе бидат соодветно гонети. Целата постапка од првиот момент се води максимално транспарентно и со почитување на сите законски процедури.

– Ја известуваме јавноста дека соодветните наредби за анализа на одземените компјутери и компјутерски податоци при претресите се веќе издадени. Истражните органи вршат распити на сите лица кои имаат сознанија за противправни дејствија. Основното јавно обвинителство Скопје ќе формира тим од стручни лица кои ќе ја анализираат медицинската документација за водење на пациентите и администрирање на терапијата. Министерството за внатрешни работи, како орган на откривање на сторители на кривични дела, презема и други дејствија кои во моментов не можат да се споделат со јавноста, но со директна цел – да се дојде до вистината и евентуалната кривична одговорност. Во истиот момент кога за конкретно лице ќе бидат обезбедени доволно докази за основано сомнение дека сторило кривично дело, обвинителството ќе ја информира јавноста, се вели во соопштението.

Од Обвинителството велат дека се свесни за чувствителноста на оваа тема за огромен број засегнати граѓани, сепак апелираат на воздржаност од предвремено прејудицирање за текот на постапката и за одговорност на кое било лице.

– Ширењето на непроверени информации и нарушувањето на пресумпцијата на невиност може сериозно да наштети на постапката и да ги одврати сведоците да соработуваат, потенцираат од Обвинителство.

obvinitelstvoonkologija

Би можело да ве интересира

Тројца обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден предложен притвор

Предраг Петровиќ30/11/2025 - 18:1330/11/2025 - 18:14

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

Горан Наумовски21/11/2025 - 16:34

Кочанското Јавно обвинителство ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“

Горан Наумовски21/11/2025 - 14:58

Обвинителството започна истрага против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

Горан Наумовски20/11/2025 - 17:3520/11/2025 - 17:43

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски15/11/2025 - 08:4215/11/2025 - 09:01

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ06/11/2025 - 18:0906/11/2025 - 21:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен