Акциска контрола на СВР Битола

Од:

На втори и трети јули, од страна на полициски службеници од СВР Битола на подрачјето на СВР Битола беше спроведена акцискa контролa во склоп на оперативниот план „Безбедно лето-2022″ на цело подрачје на СВР Битола односно контрола на јавни места каде има нарушување на јавниот ред и мир, известува МВР.

– При контролата опфатени беа 37 локации на подрачјето на СВР Битола каде беа извршени вкупно 63 проверки на идентитет, 39 прегледи на лица, четири прегледи на патнички моторни возила. При контролата приведено е едно лице кај кое е пронајдена марихуана, по чл. 215 од КЗ. Поднесени се шест прекршоци по чл. 6 од “Законот за прекршоци против јавниот ред и мир” и 27 прекршоци по” Законот за безбедност на сообраќајот на патишта”, соопшти МВР.

СВР Битола продолжува и понатаму со спроведување на зајакнати акциски контроли за зајакнување на јавната безбедност.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина