Акција за заловување кучиња скитници во Македонска Каменица

Од:

Општина Македонска Каменица и оваа година со заловување и со понатамошен хуман третман од страна на стручна служба ќе го решава проблемот со кучињата скитници.

Според планираното, овој петок, во раните утрински часови, шинтерски служби на ВСЦ “Тодор Велинов” – Куманово, ќе извршат акција за заловување бездомни кучиња на територија на општината. Како што информираат од општинските служби, акцијата, која се спроведува секоја година, се реализира согласно Законот за заштита и благосостојба на животните.

– До граѓаните апелираме и сами да се вклучат за успешна реализација на акцијата со пријавување бездомни кучиња кои ќе бидат забележани во близина на нивните живеалишта, наведуваат од општината.

Решавањето на проблемот со кучињата скитници со заловување, Општина Македонска Каменица го практикува изминатите пет години.

Би можело да ве интересира

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица