Акција за собирање електричен и електронски отпад во Битола

Од:

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола почна со собирање на електричен и електронски отпад на територијата на општина Битола.

Оттаму информираат дека ќе излезат во пресрет на секое барање на граѓаните.

– Акцијата ја организираме со цел да им помогнеме на граѓаните организирано и без проблеми да го отстранат електричниот и електронски отпад од своите домови или локации каде неправилно го чуваат, но и да им укажеме дека не треба отпадот како што се телевизори, радиа, компјутери и слично да ги оставаат на несоодветни места, односно во контејнерите за друг смет или за собирање хартија или пластика, изјави Зоран Соклевски, директор на ЈП „Комуналец“ од Битола.

Тој додаде дека е најдобро електричниот или електронски отпад да се донесе во еколошкиот двор, сместен во дворот на ЈП „Комуналец“.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот