Акција за расчистување на изгорените конаци во манастирот Трескавец

Од:

Во Прилеп се прецизираат активностите за почетокот на расчистувањето на изгорените конаци во манастирот Трескавец. Во општина Прилеп денеска се одржа средба со фирмите и заинтересираните поединци кои сакаат да учествуваат во првата акција, што ќе се одржи в недела.

Според градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, сите добронамерници кои сакаат да помогнат во расчистувањето, за поголема успешност и организираност на акциите, своето учество да го пријават на телефонскиот број 076/425-102 или на електронската адреса [email protected]. Сите сопственици на теренски возила кои сакаат да се вклучат во акцијата, можат да се пријават на истиот телефонскиот број и на истата електронска адреса.

Ристески најави дека е подготвен план за расчистување на изгореното во манастирскиот комплекс. Овие акции ќе бидат континуирани, се додека постои реална потреба. Ќе бидат вклучени доброволци, претставници од локалната самоуправа, јавните претпријатија, бизнис секторот, невладиниот сектор и граѓаните.

Поаѓањето за неделната работна акција е во 7 часот, пред Центарот за култура „Марко Цепенков“, а организираните групи ќе ги придружуваат и планинарите од планинарското друштво „Картуш“.

Би можело да ве интересира

Археолошките истражувања на Трескавец го потврдуваат милениумското светилиште и како урбана населба

ВИДЕО: Спасени се две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Мариово и Трескавец меѓу петте финалисти за најдобра европска филмска локација

Жарко Настоски

Манастирот Трескавец се обновува според предвидената динамика

Ана Ололовска

Се бараат доброволци за гаснење на пожарот кај Трескавец

Наум Локоски

ЦУК: Повторно е активен пожарот во близина на Трескавец

Наум Локоски