Акција за поттикнување на другарувањето и намалување на врсничкото насилство

Од:

Центарот за поттик на креативни потфати (ЦПКП) почнува акција за поттикнување на другарувањето кај младите и како родителите да го препознаат насилството кај децата.

-Кога започна учебната година , така јавноста стана свесна за некои несакани настани што се случија во училиштата во Скопје и Македонија. Заедницата беше сведок за неколку случаи на врсничко насилство, кога млади школски другари и пријателки си нанесоа повреди еден на друг. Луѓето ги гледаа овие немили настани преку медиумите, класичните и социјалните. Некогаш одговорните и родителите не се свесни за активностите и работите што ги прават децата. Тоа не е нивна вина затоа што колку и да се трудат, малите знаат како да се скријат и како да го направат тоа што го сакаат. Тоа е дел од нивната природа исто како што е анимозитетот и агресијата која може да ја држат во себе со денови, некогаш и месеци, посочуваат организаторите во соопштението до медиумите.

Во рамки на акцијата на одреден период ќе се споделуваат насоки и ќе им се овозможи консултирање на сите кои сакаат преку Фејсбук фан страната да дознаат што е можно повеќе за оваа тема.

На Фејсбук фан страна може да се пристапи преку следниот линк (http://bit.ly/2QFaAvp)  или со пребарување на зборот „Другаризација“ на Фејсбук.

Целата акција, како што најавува организаторот, ќе кулминира во настан на кој експерти од својата област ќе разговараат со родителите и другите заинтересирани.

Се повикуваат сите кои сакаат темата за врсничко насилство да допре до што поголем број луѓе да ја следат страницата и да ги споделуваат нејзините постовите затоа што, како што смета организаторот, само сите може да влијаат во зголемувањето на свеста кај младите.

Би можело да ве интересира

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Насилник со стап по глава безмилосно тепаше куче во Скопје, полицијата го приведе

Предраг Петровиќ

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Охриѓанец ја истепал поранешната 30 – годишна девојка

Горан Наумовски

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата