Акција за чистење на јавните паркиралишта

Од:

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје во соработка со Општина Центар и ЈП „Комунална Хигиена“ денеска започна со темелно чистење на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатијето со цел одржување на хигиената и чистотата на јавните паркиралишта и катните гаражи на територија на општината.

Надлежните служби на Општина Центар и ЈП „Комунална Хигиена“ започнаа со темелно чистење на дел од паркиралиштето „Трготекстил“ кое се чистеше рачно со метли и пумпи, а потоа се вршеше и машинско миење со автоцистерни.

Покрај чистењето на паркиралиштето, ЈП ПОЦ ги бележеше и паркинг местата за полесно, попрегледно и пофункционално паркирање за жителите на „Трготекстил“.

Во наредниот период оваа акција ќе се спроведува два пати неделно и одредени паркиралишта ќе бидат ставени вон функција со цел подобро чистење и бележење на сите јавни паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паринзи на Општина Центар.

Со стартувањето на оваа акција ЈП ПОЦ и Општина Центар се приклучија кон глобалната иницијатива за одбележување на „Светскиот ден на чистењето“ во која се вклучени милиони институции, граѓански здруженија, општествено одговорни организации, граѓани, волонтери од повеќе од 150 земји во светот.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Левица: ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска