Акција за безбедност на моторциклистите во сообраќајот во Охрид

Од:

Испраќање порака за поголема безбедност на моторциклистите во сообраќајот е целта на „Неделата за безбедност на моторциклистите во Република Македонија“, во чии рамки денеска напладне во Охрид ќе се одржи ревијално возење.

Возењето моторцикли низ охридските сообраќајници, што ќе почне од градскиот плоштад, според СВР Охрид, треба да ја покаже заложбата на членовите на моторциклистичките клубови и здруженија за безбедно и внимателно управување моторцикл, почитување на сообраќајните правила и прописи и задолжително користење заштитни шлемови.

Демонстрирањето безбедно возење моторцикл со практично и целосно почитување на сообраќајните правила и прописи е порака за сите учесници во сообраќајот и повик за целосно придржување до сите сообраќајни правила и прописи.

Во рамки на воспитно-едукативната акција, деновиве во СВР Охрид се одржа заедничка едукативна средба со повеќе моторциклисти.

– Нив им беше поделен едукативен материјал што денеска треба да го поделат на сите присутни моторциклисти. Ревијалното возење моторцикли низ сообраќајниците на Охрид, ќе се реализира со присуство на мотопатролите на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, соопшти СВР Охрид.

Акцијата „Недела за безбедност на моторциклистите во Република Македонија“ е заеднички проект на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп