Акција во Охрид: Се урива првата дивоградба

Од:

Општина Охрид почна со отстранување на нелегално изградени објекти, за кои претходно издала решение за уривање. Работници придружувани со екипи на полицијата од утрово започнаа со активностите за уривање на куќа во месноста Горна Влашка маала.

Пред десетина дена, на оваа локација беа уапсени неколку работници, бидејќи и покрај поставената „жолта лента“ од страна на општинскиот инспекторат, тие изведувале градежни работи.

Неофицијално, според извори на „А1он“, изведувач на градбата е фирмата „Нефи ИК“ во сопственост на советникот Нефи Усеини. Жолтата лента поставена пред објектот од страна на инспекторатот била отстранета, а потоа било продолжено со градба.

Известување за уриавње на дивоградбата Општина Охрид го испратила до извесна Абдула Фетије, кој до овој момент не е присутен додека се урива куќата

Во Охрид се идентификувани 1.076 дивоградби, а во заштитеното централно подрачје 409. Меѓу нив е и пицеријата и бетонската база на охридскиот советник Нефи Усеини.

Би можело да ве интересира

Левица: Власта со нов закон го силува правото и ја продолжува легализацијата на дивоградби

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски