Акција „Се бара Тор од планетата Азгард“ во Штип

Од:

Денеска, на булевар „Партизанска“ во близина на основното училиште „Тошо Арсов“, во Штип се бараше Тор од планетата Азгард.

Коцките на овој дел од булеварот се пропаднати, изгледа како кратер на патот или како овде да паднал чеканот на Тор, велат од Штип Арт Активизам.

„Ги повикуваме надлежните власти да ги санираат проблемите на овој дел од булеварот и соодветно да бидат поставени заштитни мерки, знаци, табли, зебра за пешаци, што ќе доведе до поголема сигурност за возачите, учениците и пешаците.

Акцијата „СЕ БАРА ТОР ОД ПЛАНЕТАТА АЗГАРД“ е дело на група уметници и активисти од Штип, а е поттикната од инфраструктурните проблеми во овој дел од градот“, се вели во соопштението на Штип Арт Активизам.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му